Било да седите во кафуле со пријатели, имате важен состанок на работа или едноставно уживате слушајќи ги птиците на Вашиот балкон, Pure™ 13 слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате најприродните звуци околу Вас, како и да го поврзете и контролирате апаратот преку сопствениот телефон или ТВ.
Pure 13 слушниот апарат на Signia ветува најдолга издржливост и беспрекорен перформанс, и е секогаш тука со Вас за најбитните случувања во Вашиот живот.
Pure 13 поворно Ви овозможува да ги слушнете природните звуци на животот без разлика дали имате лесно, средно, тешко или многу тешко оштетување на слухот.
Софистициран, со врвна технологија, Pure 13 слушниот апарат нуди најприродно и ветувачко искуство со слушни апарати.
Било да сте вклучени во дискусија за некое уметничко дело или сте возбудени да го искусите духот на некој нов град, Pure 13 слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате звуците на природата и повторно да уживате во нив.
Слушајте ја Вашата омилена песна, подесувајте ја јачината на звукот додека ја гледате Вашата омилена серија или добивајте ги директно во уво насоките од Вашата GPS апликација – сето тоа преку Signia Pure 13 слушниот апарат! Се што треба е да го поврзете со Вашиот паметен телефон.
Преку Signia апликација, слушниот апарат има можност да се поврзе и контролира мануелно и едноставно преку Вашиот телефон или далечински управувач – MiniPocket.