Една од првите приватни поликлиники отворени на територија на Р. Македонија. Основана во 2001. година, поликлиниката секогаш ги прати најновите достигнувања и технологии во модерната медицина, нудејќи ја притоа најдобрата можна услуга на своите пациенти.
Поликлиниката има договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), и работи со сини и зелени картони.
Акус Медикус е составен од врвните доктори и искусните медицински сестри, професионални, љубезни, весели и секогаш спремни да помогнат на секој пациент. Тоа го потврдуваат и повеќе од 40 000 задоволни пациенти кои ја избрале поликлиниката Акус Медикус.
Поликлиниката Акус Медикус ви нуди бројни услуги почнувајќи од одделот за уво, нос и грло (оториноларингологија), интерна медицина, консултативна хирургија и општа медицина, се до традиционалната кинеска медицина – акупунктура.