Посета на музеј со пријатели, слушање на класичен концерт во филхармонија или уживање во театар и балет – Signia Pure™ 312 Ви овозможува да ги поминете најубавите мигови во животот и уживате во нив комплетно. Со Pure 312 слушниот апарат ќе добиете најприроден звук и супериорна технологија во едно.
Софистицираност во минијатурен дизајн: со своите мали димензии Pure 312 сосема неприметно седи зад Вашето уво. Постои можност за управување со слушниот апарат преку паметен телефон што дава максимална дискреција и едноставност.
Лесно, средно или тешко оштетување на слухот, Pure 312 слушниот апарат може да ги надмине сите предизвици и слушни проблеми, враќајќи ги повторно природните звуци во Вашиот живот.
Било да сте вклучени во дискусија за некое уметничко дело или сте возбудени да го искусите духот на некој нов град, Pure 312 слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате звуците на природата и повторно да уживате во нив.
Слушајте ја Вашата омилена песна, подесувајте ја јачината на звукот додека ја гледате Вашата омилена серија или добивајте ги директно во уво насоките од Вашата GPS апликација – сето тоа преку Signia Motion 13 слушниот апарат! Се што треба е да го поврзете со Вашиот паметен телефон.
Преку Signia апликација, слушниот апарат има можност да се поврзе и контролира мануелно и едноставно преку Вашиот телефон или далечински управувач – MiniPocket.