Било да сте во природа со пријателите, вредно ги извршувате обврските на работа или уживате во Вашата омилена музика, Pure™ Charge&Go слушниот апарат на Signia претставува совршен избор за Вашиот слушен проблем. Како што му кажува и името, Pure Charge&Go слушниот апарат може да се полни додека спиете, така што е секогаш спремен за користење, каде и да треба да одите.
Со купување на Pure Charge&Go слушниот апарат добивате и индукциски полнач – слушниот апарат почнува да се полни автоматски кога ќе го поставите на неговиот полнач.
Pure Charge&Go има робустeн многу дискретно и неприметно лежи зад увото. Неговиот софистициран дизајн овозможува апсолутна удобност при носењето.
Pure Charge&Go може да се користи за лесно, средно и тешко оштетување на слухот.
Благодарејќи на неговата моќна литиумска батерија која се дополнува, Pure Charge&Go слушниот апарат на Signia Ви нуди долготрајно и супериорно искуство со слушните апарати, и тоа без потреба за често купување и менување на батерии!
Било да сте вклучени во дискусија за некое уметничко дело или сте возбудени да го искусите духот на некој нов град, Pure Charge&Go слушниот апарат Ви овозможува со задоволство да ги слушате звуците на природата и повторно да уживате во нив.
Слушајте ја Вашата омилена песна, подесувајте ја јачината на звукот додека ја гледате Вашата омилена серија или добивајте ги директно во уво насоките од Вашата GPS апликација – сето тоа преку Signia Insio слушниот апарат! Се што треба е да го поврзете со Вашиот паметен телефон.
Преку Signia апликација, слушниот апарат има можност да се поврзе и контролира мануелно и едноставно преку Вашиот телефон или далечински управувач – MiniPocket.